„Повредите на Ибрахимовиќ и Рохо се голем удар за нас“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик призна дека Јунајтед пропушти неколку шанси против Андерлехт во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа.

Сепак, тој е задоволен што Црвените Ѓаволи успееја да остварат добар резултат кој ги одведе во наредната фаза од натпреварувањето.

Манчестер Јунајтед вечерва на Олд Трафорд после продолженија го совлада Андлерхт со 2:1 и избори пласман во полуфиналето на Европската лига.

Јунак на Јунајтед беше Маркус Рашфорд кој постигна гол во 107 минута.

„Не почнавме добро, бидејќи не ги искористивме своите шанси да постигнеме гол. Создадовме неколку шанси и повторно не ги искористивме, мислевме дека можеби ќе биде една од тие ноќи кога едноставно не можете да постигнете погодок.

Но поминавме понатака, тоа е она што моравме да го направиме“, рече Керик после натпреварот.

Тој додаде дека постои голема доверба во оваа екипа, како и дека има одлична атмосфера и дека се надева дека ќе продолжи вака.

Керик рече дека повредите на Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо се голем удар за Јунајтед.