Јорганџиите едвај ги чекаат новите натпревари против Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Атлетико Мадрид, Клементе Валверде изјави денес дека во тој фудбалски клуб се возбудени поради натпреварот против градскиот ривал во полуфиналето во ЛШ.

Атлетико ќе му гостува на Реал на стадионот Сантијаго Бернабе во првиот полуфинален натпревар, а реваншот ќе се игра на Висенте Калдерон.

„Дали сме разочарани после ждребот? Не сме. Нашите навивачи и фудбалери знаат како е да се игра против нив две финалиња и да ги изгубиш. Свесни се што значи да се биде овде и напорот кој е потребен да се стигне до овде“, изјави Валверде.

Директорот на Атлетико не сакаше да оцени дали предноста на неговиот клуб ќе биде тоа што ќе биде домаќин во реваншот со зборовите никогаш не се знае.

„Се чувствуваме позитивно што трет пат во четири години ќе играме полуфинале во ЛШ. Горди сме на тој тим. Среќни сме како се развива сезоната“, заклучи Валверде.