Маркез ги покажа забите на вториот тренинг во Остин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марк Маркез го заврши првиот работен ден во Остин на првата позиција забележувајќи најбрз круг после двата слободни тренинзи.

На самиот почеток сузукито на Ринс се расипа и мораше да го паркира покрај патеката. Првото измерено време го постави Хорхе Лоренцо. После првиот брз круг, Скот Рединг постави најбрз круг, а Вињалес и Лоренцо имаа второ и трето време. Марк Маркез од самиот почеток нанесе силно темпо, па после својот прв брз круг постави најбрзо време. Во својот втор брз круг Маркез го поправи своето време.

После првите 15 минути возачите се вратија во своите гаражи, а на првата позиција се наоѓаше Марк Маркез, а на втората и третата позиција беа Маверик Вињалес и Дани Педроса. Во тие моменти помеѓу првите десет се наоѓаа Милер, Јаноне, Крачло, Баутиста, Роси, Зарко и Фолгер. Хорхе Лоренцо повторно беше првиот возач кој се најде на патеката. Шпанецот успеа да го поправи своето време и да скокне едно место погоре, 16-то. Маверик Вињалес успеа да извози круг под 1 минута и 5 секунди после своето второ излегување на патеката, но ја задржа втората позиција. Во својот трет брз круг, Вињалес успеа да стигне до првата позиција.

Во последните десет минути возачите по трет пат излегоа на патеката. Лорис Баз беше првиот возач кој излета надвор од патеката. Французинот падна во првата кривина, но успеа да го дигне својот мотор и да го продолжи тренингот. Само неколку минути подоцна, Карел Абрахам падна незгодно во кривината број 11, а после падот се фати за десната нога, па мораше да се повлече од вториот слободен тренинг. Во последните пет минути, Валентино Роси успеа да стигне до третата позиција. Еден круг подоцна Жоан Зарко стигна до лидерската позиција.

Марк Маркез во својот последен брз успеа да го заврши денот на првата позиција. Жоан Зарко ја задржа втората позиција, а Маверик Вињалес заврши како трет. Валентино Роси успеа во вториот слободен тренинг да напредува, па денот го заврши четврт пред Педроса и Довициозо. Кал Крачло заврши седми пред Фолгер, а првите десет ги комплетираа Рединг и Јаноне. Хорхе Лоренцо првиот работен ден го заврши на 11-та позиција.

1. Марк Маркез – Репсол Хонда
2. Жоан Зарко – Монстер Тех 3
3. Маверик Вињалес – Јамаха
4. Валентино Роси – Јамаха
5. Дани Педроса – Репсол Хонда
6. Андреа Довициозо – Дукати
7. Кал Крачло – ЛЦР Хонда
8. Јонас Фолгер – Монстер Тех 3
9. Скот Рединг – ОКТО Прамак
10. Андреа Јаноне – Сузуки
11. Хорхе Лоренцо – Дукати
12. Данило Петручи – ОКТО Прамак
13. Џек Милер – Марк ВДС
14. Алеиш Еспаргаро – Априлија
15. Хектор Барбера – Авинтија
16. Алваро Баутиста – Пул и Беар Аспар
17. Тито Рабат – Марк ВДС
18. Алекс Ринс – Сузуки
19. Лорис Баз – Авинтија
20. Пол Еспаргаро – Ред Бул КТМ
21. Карел Абрахам – Пул и Беар Аспар
22. Сем Ловс – Априлија
23. Бредли Смит – Ред Бул КТМ