Хамилтон сака да вози во Ф1 и откако ќе наполни 40 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон не планира да замине во пензија кога ќе му заврши договорот со Ферари, кој почнува да важи од следната сезона.

Хамилтон наредната година ќе наполни 40 години, но не планира да се пензионира.

„Планирам да возам уште, не се чувствувам како да имам 40 години. Мислев дека сигурно нема да возам во 40-тите, но животот е лудо патување“, кажа Хамилтон.