„Тие ќе бидат тука секоја година!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Голден Стејт го победија Портланд во првото коло на НБА плеј-оф серијата, Лилард призна дека му станале опсесија обидите да се победи Голден Стејт.

„Мора да сте опседнати затоа што знаете дека тие се многу добри и скеогаш ќе се сретнете со нив во плеј-оф.“

Тој е горд на начинот на кој неговиот тим играше во завршниот дел од сезоната, но вели дека не е задоволен.

„Не можам да кажам дека годината беше успешна. Не тестираа и мислам дека добро одговоривме. Мислам дека го покажавме своето вистинско лице и се боревме.“

„Ако сакате да победите некој на Западот, тоа мора да го направите преку Голден Стејт. Тие секогаш ќе ви бидат на патот. Ќе бидат тука секоја година. Мора да погледнеме и сфатиме кој е подобар. Мораме да напредуваме.“