Вашингтон стигна на чекор од пласман во ½-финале на Истокот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вашингтон во неизвесен натпревар ја победи Атланта со 103:99 и така дојде на чекор до пласман во ½-финале на Исток.

Тие имаа одлична одбрана во неизвесниот натпревар, а натпреварот беше решен на 2 минути пред крајот кога Вашингтон стигна на предност од 101:96.

До победа ги однесе Бил со 27 поени. А го следеше Вол со 20 поени, 14 асистенции и 6 скокови.

Кај Атланта најдобар беше Шродер со 29 поени и 11 асистенции. Милсап постигна 21 поен и 11 скокови.

Вашингтон сега води со 3:2 против Атланта.