Надал продолжува да реди победи на земја – Кралот на земјата го елиминира Чунг за полуфинале во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал го победи Хјеон Чунг во 1/4 финалниот натпревар на АТП турнирот во Барселона, 0:2 во сетови.

Кореецот прв направи брејк во натпреварот и тоа во третиот гем, 2:1. Надал возврати со брејк во шестиот гем и го израмни резултатот, 3:3. Потоа двата тенисери беа сигурни на свој сервис и во тај-брејк мораше да се реши победникот на првиот сет. Шпанецот многу лесно го доби тај-брејкот, 1:7.

Во воведниот гем од вториот сет Надал ја искористи брејк-топката и стигна до водство, 0:1. Шпанскиот тенисер во петиот гем повторно направи брејк, 1:4. Надал победи и во вториот сет и обезбеди пласман во полуфиналето, 2:6.

Надал во полуфиналето на АТП турнирот во Барселона ќе игра со подобриот од дуелот Зебаљос – Качанов.