„Јувентус никогаш не прима вакви голови“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По ремито со Аталанта, тренерот на Јувенус, Алегри вели дека Јувентус никогаш не примал такви голови.

Јувентус губеше со 1:0, но со голот на Алвес во 83-та минута дојде до пресврт, но многу лошата реакција им дозволува на гостите да стигнат до 2:2.

„Водевме 2 минути пред крајот. Јувентус мора да затвора натпревари, откако ќе стигне до пресврт. Јувентус никогаш не прима голови какви што примивме сега.“

„Ние сме на важно патување, сакаме да ја завршиме работата во лигата, а победа против Аталанта би бил многу важен чекор кон трофејот.“

„Натпреварот против Аталанта треба да го подигне нивото на претпазливост пред натпреварот со Монако, екипа која игра брз фудбал.“

„Знаевме дека нема да биде лесно, но примивме два голови по технички грешки. Сезоната во лигата сеуште не е готова, а ќе беше ако победевме.“