Марсело донесе огромна кралска победа – Валенсија тешко се предаде на Бернабе (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Валенсија на Сантијаго Бернабе во натпревар од 35-то коло во Ла Лига, 2:1.

Санти Мина на почетокот на натпреварот имаше огромна шанса за погодок, но ударот му го одбрани Навас, па после ја погоди стативата. Во 27-ма минута Кристијано Роналдо постигна погодок со глава за водство на кралскиот клуб.

Бензема во второто полувреме ја погоди стативата. Потоа беше досуден пенал за домашните, а Алвеш го одбрани ударот на Кристијано Роналдо од белата точка.

Дани Парехо постигна фантастичен погодок од слободен удар за израмнување на резултатот. Четири минути подоцна Марсело го врати водството на Реал Мадрид.

Реал Мадрид ќе се искачи на врвот на табелата во Ла Лига и ќе има три бода повеќе од Барселона која вечерва игра градско дерби против Еспањол.