Заубер потврди дека ќе го користи моторот на Хонда од 2018-та година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Швајцарскиот тим од следната сезона ќе ги користи моторите на јапонскиот произведувач.

Долгорочната соработка помеѓу Заубер и Ферари ќе престане на крајот на оваа сезона, па така Заубер заедно со Мекларен ќе биде уште едниот тим кој ќе ги користи моторите на Хонда.

И покрај тоа што компанијата од Сакура има уште една тешка сезона во Формула 1, овој новиот договор со Заубер би требало да го забрза нивниот развоен процес.

„Голема чест е за Заубер што ќе може да работи со инженерите на Хонда. Ние сега имаме нова визија со новите сопственици кои сакаме да ги унапредиме низ технолошкиот развој со Хонда. Тоа е шанса за нов почеток за нас и поради тоа сме многу возбудени. Се надеваме дека нашето партнерство ќе биде успешно“, изјави Мониша Калтенборн, шефицата на Заубер.