Лацио е газда во Рим – Балде Кеита со два погодоци ја сруши Рома (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Лацио ја победија Рома на Олимпико во натпревар од 34-то коло во Серија А, 1:3.

Стракоша на почетокот на натпреварот ги одбрани ударите на Салах и Џеко. Во 12-та минута Балде Кеита ја затресе мрежата на Рома.


Пароло имаше шанса за погодок, но неговиот удар го одбрани Шчесни. Пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Рома, а Даниеле Де Роси го израмни резултатот, 1:1.


Почетокот на второто полувреме донесе нов погодок. Душан Баста погоди за водство на Лацио. Кеита и Андерсон пропуштија голема шанса за погодок


Балде Кеита пет минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 1:3 со постигнување на вториот погодок на натпреварот. Рома го заврши натпреварот со 10 фудбалери бидејќи Рудигер доби црвен картон.