Сигурдсон со мајсторија донесе бод – Јунајтед ремизираше против Свонси (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Свонси ремизираа на Олд Трафорд во натпревар од 35-то коло во Премиер Лигата, 1:1.

Де Хеа фантастично го одбрани ударот на Љоренте. На другата страна голманот на Свонси реагираше одлично по ударот на Лингард. Во судиското продолжение од првото полувреме судијата досуди пенал за црвените ѓаволи. Вејн Руни беше сигурен од белата точка и донесе водство на Манчестер Јунајтед.

Свонси преку фантастичниот погодок на Сигурдсон од слободен удар го израмни резултатот. Лингард имаше шанса да постигне погодок со глава, но неговиот удар го одбрани Фабиански.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.