Новаци со покер погодоци за Еуромилк, Металург и Вардар Неготино ги поделија бодовите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија два натпревари од 23-то коло во втората македонска фудбалска лига.

Новаци во Кичево го декласира Еуромилк, 4:0.

После три минути игра беше досуден пенал за Новаци, а Благојче Марковски ја затресе мрежата на Еуромилк. Четири минути подоцна Благоја Наумоски зголеми на 2:0.

Илче Талевски го постигна третиот погодок во мрежата на Еуромилк. Конечните 4:0 ги постави Благоја Наумоски во второто полувреме и го постигна својот втор погодок на натпреварот.

Металург и Вардар Неготино во Скопје ремизираа, 1:1.

Тони Магловски погоди за водство на Вардар Неготино во првото полувреме. Дваесет минути пред крајот на натпреварот Теодор Фиданоски ги постави конечните 1:1.