Нуклеарното оружје CR7-400! Го погреба Баерн, го уби Атлетико, во 33-та е подобар од било кога


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ги знаете оние коментари дека неговото помина?

Баерн го погреба со 5 погодоци во два натпревари. Атлетико го нокаутира со хет-трик во полуфиналето.

Кристијано Роналдо гази во 33-та година од животот.

Кога на два натпревари по ред нема да постигне погодок следуваат коментари дека неговото време помина. А човекот никогаш не играл подобро.

Вкупно во европските натпреварувања има постигнато 103 погодоци. Рекорд. Постигна 8 од последните 9 погодоци на Реал Мадрид во ЛШ. Во полуфиналињата има постигнато 13 погодоци. Рекорд. Прв фудбалер на Реал кој постигнал хет-трик против Атлетико Мадрид на Сантијаго Бернабе. Има постигнато 21 погодок во Дерби Мадриљено. На 86 натпревари за Реал Мадрид има постигнато 88 погодоци. Има постигнато 52 погодоци во нокаут фазата во ЛШ на 66 натпревари. Рекорд.

Вкупно во дресот на Реал Мадрид има постигнато 400 погодоци. Се разбира дека е рекорд!

Има 33 години и никогаш не бил вака моќен. Делува дека уште долго ќе ги тероризира голманите и ќе ги поместува границите на рекордите. Чудо на фудбалот. Чудо на природата.