Арсенал се разигра и го наполни Стоук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал го победија Стоук на гости во натпревар од 37-мо коло во Премиер Лигата, 1:4.

Мустафи и Монреал пропуштија шанси за погодок. Алексис Санчез потоа шутираше непрецизно. Три минути пред крајот на првото полувреме Оливие Жиру донесе водство на топџиите.

Месут Озил зголеми на 0:2 на почетокот на второто полувреме. Питер Крауч постигна погодок со глава за 1:2. Во период од четири минути гостите постигнаа два погодоци.

Алексис Санчез и Оливие Жиру ги поставијa конечните 1:4.