Кралски покер на Бернабе, Нејмар со хет-трик го потопи Лас Палмас (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа седум натпревари од 37-мо коло во Ла Лига.

Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе лесно ја победи Севиља, 4:1.

Во десетата минута од натпреварот Начо изведе итар слободен удар и донесе водство за кралевите. Јоветиќ на другата страна ја погоди стативата. Навас потоа го одбрани ударот на црногорецот.

После половина час игра Реал Мадрид имаше 2:0. Хамес шутираше, Рико одбрани, а топката се одби до Роналдо кој постигна погодок. Навас одлично реагираше по ударот на Кореа, а пред крајот на првото полувреме одлично го одбрани ударот на Јоветиќ.

На почетокот на второто полувреме Стеван Јоветиќ намали на 2:1.

Кристијано Роналдо во 78-ма минута го постигна својот втор погодок на натпреварот и го врати водството на Реал Мадрид од два погодоци. Конечните 4:1 ги постави Тони Крос шест минути пред крајот на натпреварот.

Барселона на гостувањето кај Лас Палмас победи, 1:4.

Каталонците во период од две минути постигнаа два погодоци. Нејмар и Луис Суарез ја затресија мрежата на Лас Палмас.

Педро Бигас со својот погодок успеа да го намали водството на Барселона. Шест минути подоцна Нејмар го постигна својот втор погодок на натпреварот, 1:3.

Конечните 1:4 ги постави Нејмар кој постигна хет-трик на денешниот натпревар.

Во останатите натпревари Атлетик Билбао и Легањес ремизираа, 1:1, Бетис и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите, 1:1, Спортинг Хихон на гости минимално го победи Еибар, 0:1, Реал Сосиедад и Малага одиграа 2:2, а Виљареал и Депортиво Ла Коруња не беа расположени за погодоци, 0:0.