„Како јас да сум виновен за недостатокот на еднаквост во лигата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доказите за недостаток на еднаквоста во лигата не е тешко да се најдат. Доволно е да се земе во предвид начинот на кој Голден Стејт и Кливленд стигнаа до НБА финалето.

Дурант беше мета на голем број критики затоа што ја напушти Оклахома и му се приклучи на Голден Стејт, но тој смета дека неговата одлука никако не е причина за влошување на ситуацијата во лигата.

„Како јас да сум причина што Орландо не успеа да игра плеј-оф 5 или 6 години по ред. Јас ли сум причина што Бруклин ги даде сите свои пикови на драфтот на Бостон? Како јас да сум причина што тие не се добри. Не можам да играм за секој тим. Не можам јас да ја направам конкуренцијата во Истокот подобра.“