„Со Дурант се уште повеќе опасни“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кливленд и Голден Стејт набрзо ќе започнат да ги играат натпреварите во финалето на НБА лигата, а најголема промена од минатата година е доаѓањето на Дурант во Голден Стејт.

Со заминувањето на Дурант од Оклахома во Голден Стејт секако се крена многу прашина, но сега дојде време да се види дали ќе се исплати одлуката.

Со оглед на способностите на Дурант, нема сомнеж дека Голден Стејт доби уште едно врвно засилување, а дали тимот ќе стигне до златен прстен останува да се види, а за тоа даде изјава Леброн.

„Тој е еден од најопасните играчи. Па така тие се уште повеќе опасни со таквите вештини и талент.“