Трансфер бомба, Џенова го купува Велковски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува „Македонски спорт“ во денешното пишано и електронско издание, екипата на Џенова е сериозно заинтересирана за услугите на Дарко Велковски.

Од италијанскиот тим ќе испратат скаути во Полска каде ќе ги следат настапите на Велковски, кој заедно со Зајков е столб во одбраната на младите херои кои за прв пат ќе се натпреваруваат на едно големо натпреварување.

Дарко Велковски од академијата на Македонија Ѓорче Петров премина во Работнички, а потоа следуваше и трансфер во Вардар, еден од најскапите во историјата на македонската прва лига.