Тотенхем се вклучува во трката за Смолинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крис Смолинг веројатно ова лето ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед.

Репрезентативецот на Англија по доаѓањето на Виктор Линделоф нема да биде во преден план кај Мурињо, па затоа ќе мора минутажа во пресрет на Светското првенство во Русија да бара во друг клуб.

За услугите на Смолинг се заинтересирани неколку премиерлигашки клубови меѓу кои Вест Хем, Евертон и ВБА.

На нив сега им се приклучува и Тотенхем откако Покетино не успеа да го донесе Хери Мегуајр кој пред неколку дена стави потпис на договор со Лестер Сити.

Договорот на Смолинг со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година.