Диего Коста одлучи, сака да се врати во Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува „Скај Спортс“, Диего Коста донел одлука околу неговата иднина и истата им ја соопштил на челните лица на Атлетико Мадрид.

Имено, шпанскиот репрезентативец посакал да се врати во клубот од каде што премина во Челси откако неговиот тренер Конте му дал до знаење дека не е во неговите планови за следната сезона.

Доколку трансферот се реализира тоа ќе значи дека Коста ќе мора да чека за да го облече дресот на „Јорганџиите“ до јануари поради трансфер забраната на клубот од Мадрид.