Видео: Вардар со победа ги отвори подготовките во Австрија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар со победа ги отвори подготовките во Австрија откако со 2:0 славеше против австрискиот прволигаш Адмира.

Творци на победата на Вардар беа новиот фудбалер на клубот Бесир Исени кој го отвори резултатот во 42. минута од натпреварот и Тигран Барсегјан кој погоди во раната фаза од вториот дел за конечни 2:0.

По подолго време на овие подготовки шанса во дресот на Вардар добија Томе Пачовски и Ацо Стојков.

Во дресот на Вардар 45 минути одигра и бразилскиот играч кој е на проба меѓу „црвено-црните“Матеус Лима Круз.

ВАРДАР: Гачевски (46’ Пачовски), Брдаровски (46’ Хамбарџумјан), Глишиќ (65’ Тодороски), Грнчаров, Новак, Спировски, Глигоров (65’ Колевски), Исени (46’ Џигаури), Којашевиќ (46’ Стојков), Блажевски (46’ Стојчевски), Лима (46’ Барсегјан).