Билетите за Малме се одредени, а „Комитите“ се незадоволни од превисоките цени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството и управата на Вардар, денес ја соопштија цената на билетите за натпреварот Вардар – Малме кој ќе биде одигран на 18 јули со почеток во 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Билетите ќе бидат по цена од дури 500 денари. Оваа информација наиде на големи негативни реакции од “црвено – црните” навивачи. Цената на билетите е превисока, а дополнителен хендикеп е тоа што овој меч ќе биде одигран во Струмица, а не во Скопје.
Билетите за овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба од 3 јули 2017 година (понеделник).