Официјално: Сандро нов фудбалер на Евертон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сандро Рамирез е нов фудбалер на Евертон откако денес го комплетира очекуваниот трансфер од редовите на Малага.

Репрезентативецот на младата репрезентација на Шпанија со „Карамелите“ потпиша четиригодишен договор.

„Многу сум среќен, ова е голем чекор во мојата кариера. Знам дека потпишувам за голем клуб во Англија. Евертон е идеално место за мене, тука има идеален менаџер кој ќе ми дава самодоверба да напредувам во играта. Не можам да дочекам да го облечам дресот пред навивачите на Евертон на „Гудисон парк“. Ова е голем чекор напред во мојата кариера“- коментираше Сандро за „ЕвертонТВ“.