Треневски: Уверени сме во нашите квалитети, посакуваме нов триумф


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утре со почеток од 17:30 часот на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ ќе се игра реванш средбата меѓу Работнички и Тре Пене.

„Романтичарите“ имаат убава предност од првиот натпревар во Сан Марино, и пред претстојниот реванш се големи фаворити.

Тренерот на Работнички, Виктор Треневски смета дека во фудбалот веќе нема „рибари“ и дека максимално  сериозно ќе пристапат на натпреварот: „Нашата цел е да оствариме уште една победа над Тре Пене и да се пласираме во следната рунда. Го респектираме противникот, не се тие наивен тим, но ние сме уверени во нашите квалитети и посакуваме нов триумф. Доколку наметнеме наше темпо, мислам дека Тре Пене тоа нема да може да го следи. Сепак, нема веќе „рибари“ во европските купови, видовме дека може да загуби и Глазгов Ренџерс, па максимално сериозно му приоѓаме на мечот“- коментираше на прес конференцијата Виктор Треневски.

Билетите за натпреварот се пуштени во продажба и изнесуваат по 150 денари.