Симонс конечно ќе ги добие заслужените пари: Орландо со нова аквизиција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Поранешниот играч на Сан Антонио Спарс, шутерот Џонатан Симонс е нов кошаркар на Орладно. Тој се договорил со „магичните“ на три годишна соработка и ќе заработи околу 7 милиони долари.

Тој ја почна сезоната како заштитен играч од страна на Сан Антонио, но Грег Поповиќ се откажа од неги и тој стана слободен играч.

27 годишниот играч кој минатата сезона, повеќе седеше на клупата отколку што играше, во завршниот дел од плејофот покажа дека е спремен да добие повеќе НБА минути и затоа му се приклучи на тимот на Орладно.