ОФИЦИЈАЛНО: Барди нов фудбалер на Леванте


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Леванте штотуку официјално го потврдија трансферот на македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

Барди со Леванте потпиша договор до 2020 година кој може да биде продолжен на дополнителни две години.

Енис Барди на јавноста како нов фудбалер на Леванте ќе и биде претставен утре во 17 часот во прес собата на стадионот „Естадио Сиудад де Валенсија“.

Трансферот на играчот за врска во Леванте ќе изнесува околу 1.5 милиони евра, а Ујпешт ќе има право на дополнителни 10% од следната продажба на Барди.