Лестер одбил понуда за Махрез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Лестер, Крег Шекспир потврди дека клубот одбил понуда од Рома за услугите на Ријад Махрез.

Махрез се поврзува со заминување од „Кинг Пауер Стадионот“ а неколку клубови ја следат ситуацијата околу Алжирецот.

„Ми беше кажано дека до денес нема нова понуда. Имаше една понуда од Рома, но како што ми кажаа ја одбиле. Таа била одбиена затоа што била ниска понуда. Не ме прашувајте каква е понудата затоа што не знам и не сум вклучен во тоа“- коментираше Шекспир.

За Ријад Махрез постои сериозен интерес и од Арсенал, а и самиот играч најави дека сака да ги напушти „Лисиците“ ова лето.