Анчелоти потврди дека Видал не е на продажба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти истакна дека нема шанса Артуро Видал да го напушти клубот ова лето.

Се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед и Интер се заинтересирани за репрезентативецот на Чиле, меѓутоа Анчелоти ги отфрли сите шпекулации.

„Нема шанси. Видал е наш играч и верувам дека ќе остане со нас“– коментираше Италијанецот.

Ситуацијата со младиот Ренато Санчес е поинаква и тој може да го напушти баварскиот клуб. „Постои можност да замине, но можно е и да остане со нас. Во овој момент Ренато тренира со нас“- заврши Анчелоти.

За Ренато Санчес сериозен интерес има од редовите на Милан.