Официјално: Ихеаначо нов фудбалер на Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лестер Сити го објави трансферот на талентираниот играч од Манчестер Сити, Келечи Ихеаначо.

20 годишниот нигериски интернационалец со „Лисиците“ потпиша петгодишен договор и на „Кинг Пауер“ ќе остане до 2022 година.

Ихеаначо кој важеше за најголем талент од Манчестер Сити за „Граѓаните“ постигна 21 гол на 64 натпревари.

Деби за новиот тим репрезентативецот на Нигерија ќе има на утрешниот натпревар против Борусија Мехенгладбах.