Нејмар ќе почека за деби, ПСЖ лесно против Амиен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Пари Сен Жермен забележа победа од 2:0 во воведниот натпревар од францускиот шампионат.

Избраниците на Унаи Емери и без нивната нова главна ѕвезда успеаја да забележат лесна победа против Амиен.

Уште еден одличен натпревар за „светците“ одигра новото засилување Дани Алвеш кој беше и асистент на првиот погодок кој го постигна Кавани во 42. минута. Конечниот резултат го постигна Хавиер Пасторе во 80.минута од натпреварот кога одлично беше проигран од стрелецот на првиот гол, Кавани и без проблем ја смести топката во мрежата на гостинскиот клуб.

Вчера и Монако ја отвори сезоната со победа откако славеше победа против Тулуз со 3:2.