Охрабрување за Барселона: Коутињо одбива да игра за Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Тимот на Барселона е ставен во тешка ситуација по заминувањето на Нејмар и секојдневно се труди да најде негова достојна замена. Еден играч за кој се силно заинтересирани е офанзивецот на Ливерпул, Филипе Коутињо.

 

Според шпанските медиуми, Коутињо веќе му дал до знаење на Јирген Клоп дека нема да настапува за Ливерпул и негова единствена цел е да направи трансфер во Барселона. Бразилецот е спремен да го ризикува своето место во тимот на Бразил за Светското Првенство кое се одржува следната година само за да го добие она што го посакува – трансфер во Барселона.

Засега Ливерпул се мирни во оваа ситуација и сѐ уште немаат намера да бараат замена за Коутињо. Сепак се чини дека ја чекаат вистинската сума од Барселона и ќе го пуштат бразилецот да си оди кога шпанскиот тим ќе ги исполни нивните услови.

 

Коутињо не беше дел од првите два меча на Ливерпул во новата сезона, но нападот сепак изгледаше одлично. Во отворањето на Премиер Лигата тие ремизираа 3:3 против Ватфорд, а пак во вчерашниот меч со Хофенхајм на гости успеаја да извојуваат победа со 1:2.