Леброн позираше во новиот дрес на Кавалирс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Минатата недела повеќето од тимовите во НБА ги промовираа своите дресови за новата сезона а денеска почнавме да добиваме и слики од тоа како дресовите им стојат на играчите, што е впрочем и најбитно.

 

Дрес кој е достоен за крал, што и впрочем е Леброн Џејмс!

На својот Инстаграм профил Џејмс објави слика во која може да го видиме како позира во моќна поза во дресот на тимот од неговиот роден град.

 

На сликата може да се види изгледот на новата униформа на Кливленд Кавалирс, заедно со новиот спонзор на лигата Најк, како и тимскиот спонзор Гудјиер на левото рамо.