Марк Гасол би можел да го напушти тимот на Мемфис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Марк Гасол би можел да го напушти тимот на Мемфис Гризлис доколку тие не продолжат да победуваат.

 

Цврстата и дефанзивна ера на Гризлис се чини дека е при крај, откако тимот го напуштија Зек Рендолф и Винс Картер а иднината на Тони Ален е сѐ уште непозната бидејќи тој моментално е на пазарот како слободен агент.

Песимистички вести доаѓаат и од Шпанија, каде при едно гостување во радио-шоу Марк Гасол го изјави следното:

“Се сметам себеси за многу амбициозен играч и се што сакам е Мемфис да биде победничка франшиза. Пораснавме многу откако сум тука, но мора да продолжиме да растеме. Доколку не се случи тоа можеби би бил приморан да си заминам од таму.” – изјави Марк Гасол за Радио Каталуња.

 

Во последно време се вжештуваат шпекулациите дека Гасол би можел да заврши во Бостон по евентуален трејд, со што би ги решил проблемите на Селтикси под кошевите. Неговите последни зборови само додаваат масло на огнот дека вакво нешто би можело да се случи.