Атлетико и Челси конечно се договорија за Коста


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што наведува „Калчомеркато“ Атлетико Мадрид и Челси конечно се договориле за трансфер сумата која треба да ја платат за Диего Коста.

Според некои медиуми висината на трансферот ќе биде 45 милиони евра плус бонуси. Сепак, потписот на Коста нема да биде финализиран до јануари кога ќе престане трансфер банот на „Јорганџиите“.

Диего Коста одбива да тренира и да се врати во Лондон и во моментов се наоѓа во својот роден Бразил.