Шпанија го објави финалниот состав за ЕвроБаскетот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Серџо Скариоло го објави конечниот состав на Шпанија за претстојниот ЕвроБаскет, Себаз Саиз и Чави Рабеседа се последните двајца играчи кои отпаднаа од селекцијата.

 

Шпанија патува на ЕвроБаскет без повредените Серхио Љуљ, Пау Рибас, Виктор Клавер и Илимане Диоп, како и без Никола Миротиќ кој нема да патува со селекцијата по барање на неговиот тим Чикаго Булс.

 

Шпанскиот состав сепак е многу силен и ги вклучува следните имиња: Рики Рубио, Серхио Родригез, Гиљем Вивес, Хуан Карлос Наваро, Фернандо Сан Еметрио, Алекс Абринес, Жоан Састре, Хуанчо Хернангомез, Пау Гасол, Марк Гасол, Вили Хернангомез и Пјер Ориола.

Хуанчо Хернангомез, Састре и Ориола ќе дебитираат за националниот тим на големите турнири.

 

Репрезентацијата на Шпанија е фаворит за освојување на златото и нивниот состав и покрај повредите е најсилен и покрај повредите на одредени играчи.