Блажевски: Ќе се обидеме да постигнеме погодок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Вардар, Дејан Блажевски на денешната прес конференција пред натпреварот со Фенербахче кој на програмата е утре порача дека неговиот тим ќе оди да постигне гол со цел да си ја олесни задачата.

„Очекувам голема борба, мора да оставиме срце на терен и да ги исполниме задачите што ни ги даде тренерот за да ја задржиме разликата од два гола. Мислам дека ако ги исполниме задачите и играме со срце ќе се пласираме во групите. Утре ќе играме да постигнеме гол за да си ја олесниме работата. Ќе го играме нашиот, отворен фудбал и ако постигнеме гол ќе биде многу полесно. Мислам дека утре ќе ја постигнеме таа цел.“– истакна Дејан Блажевски.

Веднаш по прес конференцијата, за нешто помалку од половина час Вардар ќе го има и официјалниот тренинг на „Шукур Сарачоглу“.