Официјално: Нов милионски трансфер, Дембеле конечно во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Борусија Дортмунд конечно се договорија за трансфер на талентираниот фудбалер, Осман Дембеле.

Францускиот интернационалец на „Камп Ноу“ доаѓа за 105 милиони евра плус дополнителни бонуси. Тоа значи дека Дембеле ќе биде втор најскап трансфер во историјата на фудбалот веднаш по Нејмар кој е „недопирлив“ со неверојанти 222 милиони евра.

Дембеле ќе пристигне во барселона во недела, а ќе оди на медицински прегледи во понеделник. Поранешниот играч на Борусија Дортмунд во новиот клуб ќе го носи дресот со број 11. Овој дрес претходно му припаѓаше на Нејмар.