Премиер Лига: Њукасл ја забележа првата победа, Свонси го изненади Кристал Палас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Највозбудлив натпревар денеска во Премиер Лигата, беше дуелот помеѓу Манчестер Сити и Борнмаут, тимот кој покажа отпор и за малку не го изненади милионскиот состав на Сити, предводен од Гуардиола, кој на крајот успеа да слави со 2-1.

Домаќините први поведоа со фантастичниот гол на Дениелс, кој го матираше Едерсон, во 13-та минута, но Габриел Жесус веќе во 21 – минута донесе изедначување, па така се замина на пауза. Во вториот дел Сити притискаше, но домаќините добро се бранеа се до 97 минута кога фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг во самиот финиш на натпреварот успеа да постигне победнички гол.

Во останатите натпревари Њукасл беше подобар од Вест Хем со 3-0, тимот на Славен Билиќ оваа сезона не може да се разбуди и го доживеа третиот последователен пораз. „Чеканите“ се на последното место со три порази од исто толку натпревари, а имаат гол разлика 2-10.

Хадерсфилд и Саутемптон ги поделија бодовите во еден помалку интресен натпревар кој заврши 0-0, со ист резултат заврши дуелот помеѓу Вотфорд и Брајтон, додека пак тимот на Свонси забележа гостинска победа, беше подобар од Кристал Палас со 2-0, головите за „Лебедите“ ги постигнаа Абрахам и Џордан Ају.