Натпреварот помеѓу Хрватска и Косово ќе продолжи денес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Хрватска и Косово ќе се продолжи денес, а почетокот е закажан за 14:30 часот.

Вчерашниот натпревар беше прекинат поради потопениот терен на „Максимир“,а  по состанокот одржан утрово, на кој учествуваа челници на ФИФА како и претставници од Хрватскиот фудбалски сојуз како и Косовскиот фудбалски сојуз било одлучено натпреварот да продолжи денес од 22. минута кога беше прекинат.

Утрово е извршен и детален преглед на тревникот на стадионот и е утврдено дека на него може да се игра натпревар.

Иста ваква ситуација се случи и на натпреварот во Скадар каде нашата репрезентација се сретна со Албанија, а последните минути од натпреварот поради обилни врнежи од дожд се доиграа утредента.