Симеоне не мрда од Мадрид, потпиша нов договор со „јорганџиите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Симеоне потпиша нов договор со Атлетико Мадрид кој ќе го задржи во клубот до 30 јуни, 2020 година.

Аргентинецот е еден од најдобрите тренери во историјата на клубот успевајќи во мандатот од седум години да освои многу титули за Атлетико Мадрид.

Симеоне беше назначен за тренер на Атлетико во декември 2011 година кога го однесе тимот до тронот на Лигата на Европа. Во шпанското финале, „јорганџиите“ беа поуспешни од Атлетик Билбао. Во втората натпреварувачка сезона Аргентинецот ги освои Супер Купот, по триумфот над Челси, и Купот на Кралот кога на „Сантијаго Бернабе“ беше совладан Реал Мадрид.

Во сезоната 2013/14, Симеоне беше предводник на Атлетико Мадрид до нивната десетта титула во Ла Лига, а го однесе тимот и во финалето од Лигата на Шампионите. Следната година ја започна со трофеј во шпанскиот Супер Куп и уште еднаш играше во финалето од најелитното европско натпреварување.

Диего Симеоне е менаџер со најдолг тренерски стаж во европските клубови по незаменливиот Арсен Венгер кој во Арсенал е 21 година.