Ќе се врати ли Антиќ повторно во Црвена Ѕвезда ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Сезоната во Евролигаа е на прагот, а тимот на Црвена Ѕвезда сака да го врати „дома“ нашиот Перо Антиќ.

Македонскиот кошаркар има активен договор со Фенербахче, но српските медиуми шпекулираат дека на Ѕвезда во составот им фали висок играч, а таков гледаат во Перо Антиќ.

Перо не ја криеше неговата љубов кон Ѕвезда, но тешко е остварливо дека тој ќе го облече црвено белиот дрес.

Фенрбахче ги започна подготовките за новата сезона, а со нив е и Перо Антиќ, кој и покрај големиот интерес од Ѕвезда, најверојатно ќе го одработи својот договор со турскиот шампион.