Анчелоти ќе го напушти Баерн во јануари, ваква понуда не се одбива…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

 

Карло анчелоти ќе го напушти Баерн Минхен, во јануари, за да се пресели во Кина, открива поранешниот играч од средината Марио Баслер.

Италијанскиот менаџер во Баерн Минхен по само една година успеа да го осовои домашното првенство.

Баерн Минхен вчера загуби со 2-0 од Хофенхајм, а Баслер откри дека Анчелоти веќе потпишал пред договор со еден клуб од далекиот исток.

„Слушнав дека Анчелоти потпишал договор со Кинески клуб.“ – Баслер изјави.

„Од тоа што јас го знам, тој ќе замине во јануари, бидејќи таму тогаш започнува сезоната.“

Дали оваа е информација која Баслер ја има од прва рака или станува збор само за новинарска патка, ќе дознаеме наскоро.