Маркоски: Се надеваме на предност пред реваншот во Тетово

September 13th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Маркоски: Се надеваме на предност пред реваншот во Тетово
Македонија
0

Денес со почеток од 15:30 часот на стадионот во Ѓорче Петров Работнички ќе биде домаќин на Шкендија во првиот натпревар од осминафиналето од Купот на Македонија.

„Романтичарите“ ќе се обидат да го надмудрат фаворизираниот противник по шокантниот пораз од Шкупи во последните моменти од натпреварот кој се одигра овој викенд.

„Имавме тежок викенд. Загубивме меч во последните моменти против Шкупи, но го оставивме тоа зад нас и сега сме максимално фокусирани на дуелот со Шкендија во Купот. Противникот е квалитетен, но ние веруваме во сопствените можности и се надеваме дека ќе оствариме предност пред реваншот во Тетово. Јасно е дека сепак патникот во следната рунда ќе се решава на реваншот“-истакна  Кире Маркоски.

Comments are closed.