Лацио славеше против Витезе, Ница го растури Цулте Варегем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Лацио победија во драматичниот натпревар против Витезе во рамките на групата К од првото коло од Лигата на Европа.

Домашниот тим два пати водеше, но римјаните два пати успеаја да се вратат, и на крај да постигнат и одлучувачки погодок преку Алесандро Мурџа во 75. минута. Претходно за Витезе погодија Матавж и Линсен, додека за Лацио стрелци беа Пароло и Имобиле.

Во вториот натпревар од групата К, Ница го растури тимот на Цулте Варегем со 5:1. Францускиот клуб со погодоците на Плеа и Данте веќе обезбеди сигурно водство од 3:0 по само 28 минути игра. Арон Леја само го намали водството на гостите на 3:1, но потоа Сен Максим и Балотели го комплетираа триумфот на Ница.

Убедлив триумф забележа и Реал Сосиедад кој на „Аноета“ со 4:0 славеше против Розенборг. Диего Љоренте беше двоен стрелец,  а следните голови ги постигнаа Зурутуза и Јорген Скјелвик кој си постигна автогол.

Резултати:

Зорја- Остерундс 0:2

Марсеј- Коњаспор 1:0

Херта- Атлетик Билбао 0:0

Црвена Звезда- Бате 0:0

Стеауа- Плзен 3:0

Гимараеш- Салцбург 1:1

Хапоел Беер Шева- Лугано 2:1