Продолжува „ревардаризацијата“, Најдоски технички директор на Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешната прес конференција на ФК Вардар беше претставен и новиот технички директор на клубот, Илија Најдоски.

Некогашната легенда на „црвено црните“ ќе му се приклучи на Дарко Панчев и заедно ќе ги водат раководните структури на клубот.

„По долго време повторно се враќам во Вардар. Мило ми е што по 29 години ќе бидам во мојот дом, во овој клуб во овој историски момент и настапот во групната фаза од Лигата на Европа. Се надевам на добри резултати во соработка со стручниот штаб и со останатите. Со моето искуство ќе помогнам околу екипата и спортскиот дел. Верувам дека Зенит беше само еден лош ден, сметам дека против Розенборг и во другите натпревари од групата тимот ќе биде подобар“- коментираше Најдоски.

Панчев и Најдоски играа заедно во „златната генерација“ на Вардар а сега повторно сплотени ќе треба да го однесат клубот неколку рамништа погоре.