Атлетико почна да продава дресови од Коста (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку денови конечно заврши трансфер сагата околу трансферот на Диего Коста.

Шпанскиот репрезентативец стави потпис на договор со „неговиот“ Атлетико Мадрид и ќе има право на настап за клубот од јануари.

Во официјалниот фан шоп на новиот стадион „Ванда Метрополитано“ веќе се продаваат дресови со името на Диего Коста. Напаѓачот во старо-новиот клуб ќе го носи дресот со број 18.