Борусија ја продолжи победничката серија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд ја продолжи победничката серија и сега има четири победи во низа, што сигурно ќе ја задржи на лидерската позиција за време на репрезентативната пауза.

Поразот од Реал Мадрид ов Лигата на шампионите не влијаеше многу на играчите на Борусија кои со 2:1 славеа на гостувањето кај Аугзбург.

Прашањето на победникот е решено уште по првиот дел кога беа постигнати сите три погодоци. Гостите уште во 4. минута го отворија резултатот преку Јармоленко. Домаќинот изедначи седум минути подоцна преку Кауби, но во 23. минута Кагава ја врати предноста на „Милионерите“. Гостинскиот тим можеше да стигне и до повисока предност, но Обамејанг не успеа да реализира удар од белата точка.

Бундеслига, резултати, 7.коло

Аугзбург- Борусија Дортмунд 1:2

Б. Мехенгладбах- Хановер 2:1

Ајнтрахт Ф.- Штутгарт 2:1

Волфсбург- Мајнц 1:1