Од Ливерпул може да здивнат, Јувентус се откажа од Чан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извршниот директор на Јувентус, Бепе Марота истакна дека не планираат во своите редови да го донесат играчот на Ливерпул, Емре Чан.

Јувентус имаше неуспешен обид да го ангажира репрезентативецот на Германија во летниот преоден рок, а според Марота, Ливерпул нема да дозволи трансферот да се случи и на средината на натпреварувачката сезона.

„Не мислиме дека ќе направиме голем трансфер во јануари. Нашиот тим е апсолутно компетитивен и ние имаме неколку доста интересни играчи од средниот ред како Бентанкур кој веќе ги покажува своите квалитети“-коментираше Марота.