Ангеловски: Имаме обврска да го дадеме најдоброто од себе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски на прес конференција одржана по пристигнувањето на играчите во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза истакна дека обврска на сите е да го дадат максимумот на последните два квалификациски натпревари против Италија и Лихтенштајн.

„Наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе на двата последни натпревари од квалификациите за СП во Русија. Италија е фудбалска велесила, но покажавме и на претходните натпревари дека можеме да се надигруваме со сите, посакувам да биде така и во Торино. Имаме доволно време да ги анализираме, фудбалерите на претходните два меча беа на ниво и се надевам дека ќе продолжат во ист ритам“ – коментираше Ангеловски.

Марјан Радески пак истакна дека е подготвен за надигрување со големата Италија и дека се надева на позитивен резултат од Торино.

„Со нетрпение го чекавме овој собир, не се собравме во репрезентацијата со чувство како да сме на екскурзија, туку да оствариме позитивни резултати со Италија и Лихтенштајн. Не очекува дуел со противник кој ја има најдобрата одбрана во светот. Но, и ние имаме добри напаѓачи, тоа го покажавме во Скопје. На првиот меч не нѐ посака среќата, се надевам дека во Торино ќе биде спротивното и ќе успееме да дојдеме до позитивен резултат“- изјави Радески.